Вести Свет Топ вести

Се уште траат преговорите за примирје, во меѓувреме Русија ја „рамни со земја“ Украина, од бомбите половина градови речиси ги нема

Видео врската е единствениот начин да продолжат украинско – руските преговори за прекин на огнот. Уништената инфраструктура и постојаните гранатирања, ги натера преговарачите викендов средбата да ја одржат преку видео линк, но за првпат и двете страни велат дека има прогрес. Киев вели дека Москва станува контруктивна, повеќе не поставува црвени линии и не бараат капитулација од Украина.

Сепак, Киев останува на првото барање.

Нашите позиции не се променети. Тоа е мир, итен прекин на огнот, повлекување на сите руски трупи, а потоа ќе зборуваме за соседските релации и политички договор, изјави МИКАИЛО ПОДОЉАК, ПРЕТСТАВНИК НА ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ НА УКРАИНА

Очекувањата од руската страна се на иста фрекфенција и соопштија дека може наскоро да се излезе со заедничка позиција, и потпишување на договори.

Додека се водат преговорите, русите гранатираат без намален интензитет, а продолжија и меѓусебните обвинувања од фронтот кој прв почнал со пукотниците…

Киев утринава повторно бомбардиран. Погодена е станбена зграда, одеднаш уништени неколку ката, а не беше поштедена уште една фабрика. Двајца луѓе загинаа, 12 беа повредени. Вториот по големина град Харков е речиси срамнет со земја..нови бомби врз цивилните објекти беа фрлени и синоќа…Градот веќе не функционира.

Во некои квартови веќе нема згради. Градот е речиси уништен. Не можеме повеќе да останеме таму со деца, не можеме ни да излеземе надвор да купиме леб или храна. Многу е страшно. Многу луѓе останаа без место за живеење. Некои зградите беа бомбардирани, а становите се целосно уништени, вели ТАТИАНА ЛУКАШ, БЕГАЛКА ОД ХАРКОВ

Оние кои нема каде да одат, останаа во подземната железница. Вознемирени и исплашени се обидуваат солзите да ги задржат. Под земја живеат веќе 15 дена.

Не сум нацист, не сум националист, без оглед дали се Кинези или Евреи. Како можеа ова да ни го направат, иако политичарите велат дека Украинците не се нација? Кои сме тогаш? Што сме?

Но, најбруталниот напад се уште е гранатирањето на детската болница и породилиштето во Мариупол. Од трите повредени бремени жени, едната која беше со искшена карлица не го издржа шокот.

Додека се обидувавме да ја спасиме и третираме од шокот, направивме царски рез, и извадивме безживотно бебе. По 30 минути реанимација не даде резултати. По 30 минути реанимација и на мајката, и тоа не даде резултати. Двајцата починаа, изјави доктор ТИМУР МАРИН, ХИРУРГ КОЈ ЈА ОПЕРИРАЛ БРЕМЕНАТА ЖЕНА 

Од почетокот на руската инвазија убиени се 90 деца, а повеќе од сто се ранети. Конечните податоци допрва ќе се објавуваат.

Од Москва сооштија дека руските сили напредувале 11 километри во украинската тероторија. Но според американските разузнавачи побарале воена помош од Кина, иако кинеската амбасада во Вашинготн вели дека не е запознаена со вакви барања. За Москва, ваквите информации се чиста провокација.

Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе