Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Воен дрон се урна во Загреб и направи огромен кратер

Силен удар синоќа околу 23.00 часот се слушнал во дел од Загреб. Полицијата и пожарникарите се на Јарунска цеста. На местото се направило огромен кратер.

Очевидци рекоа дека нешто паднало од небо во земја, а извештаите биле потврдени од полицијата околу 3 часот по полноќ. Полицијата потврдила и дека пронашла два падобрани.

Според Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

„Полициската управа на Загреб вечерва (10.03.2022 година) по 23 часот добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која и претходел пад на објект од воздух“, се вели во полициското соопштение.

„На местото итно беа испратени полициски патроли и констатирале кратер на зелената површина на адреса Јарунска бб, додека на поширокото подрачје пронашле два падобрани за што исто така претходно добивме пријави од граѓани“, информираат од полицијата.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе