Омикрон стелт варијантата стана доминантна во државата. Потврдена е кај 54 од 94 анализирани примероци, што е 57, 5 отсто од вкупниот број тестови кои пристигнале во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ, во периодот од 28 февруари до петти март.
Анализирани се примероци од ковид-позитивни пациенти од Скопје, Кавадарци, Тетово, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Кратово и од Гевгелија. Во меѓувреме, Министерството за здравство почна кампања за зголемување на процентот на имунизација за прва и трета доза.
Преку СМС пораки ги повикува граѓаните да се вакцинираат, испраќајќи им точно време и локација преку „Мој термин“. Попладнево, од Министерството преку соопштение информираа дека за два дена биле вакцинирани 1500-тини граѓани.
