Вести Свет Топ вести

Џонсон: Барам итен состанок на Советот за безбедност, потезите на Путин ја загрозуваат Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски по веста за пожар во нуклеарна централа во Украина, а неговата портпаролка ја опиша ситуацијата како „сериозно загрижувачка“.

Двајцата лидери се согласија дека Русија мора веднаш да го запре нападот на електраната и да дозволи непречен пристап до службите за итни случаи во електраната.

„Премиерот рече дека непромислените постапки на претседателот Путин сега директно може да ја загрозат безбедноста на цела Европа. Тој рече дека Обединетото Кралство ќе направи се што може за да се осигура ситуацијата да не се влоши дополнително.“

Џонсон има намера да побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за неколку часа, а Британија веднаш ќе стапи во контакт со Москва во врска со нападот на електраната, соопшти кабинетот на Џонсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Одреден притвор за осомничените за убиството на Трповски

Kristina Kuzmanovski

Каква реформа е потребна за подобар пензиски систем?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе