Вести Македонија Најважни

Украинските и руските преговарачи седнаа на заедничка маса во Белорусија, но слаби се шансите за примирје

Втората рунда од преговорите меѓу Русија и Украина започна попладнево во белорускиот град Брест.

Според објавата на Твитер на  советникот на Украинскиот претседател Зеленски, Михајло Подољак, трите барања на Украина се итен прекин на огнот, примирје и хуманитарен коридор за евакуација на цивилите од уништените или постојано гранатирани села и градови.

Очекувањата од преговорите се мали, особено ако се земат в предвид пораките кои рускиот претседател, Владимир Путин му ги пренел на шефот на француската држава, Емануел Макрон, во денешниот телефонски разговор.

Путин порачал дека Руија успешно ќе ја спроведе демилитаризацијата на Украина, присилувајќи ја на воена неутралност. Според Путин, секој обид на Украинците да ги пролонгираат преговорите, може да предизвика Русија само да ја дополни листата на свои барања.

Од своја страна, Макрон на Путин му порачал дека прави сериозна грешка, предупредувајќи го дека Русија на крајот ќе заврши како многу изолирана и слаба држава, под силината на санкциите.

Истовремено, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров вината за ескалацијата во Украина, ја лоцираше во американската надворешна политика, споредувајќи ја со амбциите на Хитлер и Наполеон.

Проблемот е во тоа дека Западот не слуша, но како ништо да не разбира. Тие се обидуваат на секој начин да ни го наметнат своето разбирање како да живееме во Европа. Ова мора да го споредиме, во свое време, Наполеон и Хитлер исто така имаа цел под своја контрола да ја стават цела Европа а сега американците ја имаат под своја контрола цела Европа.

Додека траат надмудрувањата меѓу политичарите, страдањата на Украинските цивили се продолабочуваат.

Утрово Херсон стана првиот поголем град кој падна во рацете на руската армија, додека западно од него продолжуваат руските напори да го освојат и Мариупол кој е под опсада на руските сили.

Градоначалникот на Мариупол, потврди дека русите го прекинале снабдувањето на градот со електрична енергија, храна, вода и греење.

Продолжува и гранатирањето на Киев, гори уште една станбена зграда погодена со руски проектил и покрај постојаните тврдења на Русите дека со прецизни проектили се гаѓаат само воени цели.

Страотно уништување има и во градот Бородјанка.

„Вчера некој ми кажа дека мојата фотографија е лажна и тоа не може да е Бородјанка. Еве, ова е мирот кој го нуди Русија. Во регионот на Киев“.

Во своите постојани видео обраќања преку социјалните мрежи, украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека 16.000 странски доброволци ѝ се приклучуваат на украинската армија за одбрана на земјата, и вети дека владата ќе ја обнови целата земја по војната, а за тоа ќе плати Русија.

„Ќе ја обновиме секоја куќа, секоја улица, секој град. Ѝ порачуваме на Русија: научете ги зборовите „репарации“ и „продонеси“. Ќе платите за сѐ што направивте против нашата држава, против секој Украинец. Во целост. А тие што загинаа, ние нема да ги заборавиме.“

40 километри долгиот руски конвој кој се очекува да го нападне Киев, сѐ уште стои на 30 километри од украинската престолнина.

 

Никола Илиевски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе