Вести Свет

Повеќе од 575.000 Украинци досега избегале во Полска

Според ОН, повеќе од еден милион луѓе ја напуштиле Украина откако почна руската инвазија, додека ЕУ проценува дека до четири милиони луѓе може да се обидат да ја напуштат земјата.

Полска досега прими повеќе од 575.000 луѓе, соопшти полската гранична стража.

Само вчера во Полска влегле 95.000 луѓе од Украина, што е малку помалку од рекордното ниво во понеделникот од 100.000 бегалци.

До денес во 06:00 часот по Гринич, уште 27.100 луѓе ја минале границата.

Во Полска живее голема украинска заедница која брои меѓу еден и два милиони, а многу луѓе кои бегаат од војната ќе се сместат кај семејствата или пријателите.

Оние кои немаат каде да останат се превезуваат во импровизирани сместувачки центри во противпожарни станици и спортски сали низ земјата.

Многу Полјаци исто така нудат да сместат бегалци во нивните домови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе