Вести Економија Најважни

Лажна информација предизвика колони пред бензинските пумпи

Колона од возила на бензинските станици во Штип. Возачите чекаат од 10 до 30 минути за да дојдат до пумпата за да наточат гориво. Оние кои не сакаат да говорат пред камерата на Телма велат дека на фејсбук прочитале дека цената на бензинот драстично ќе скокне. Ваквата информација засрга е класифицирана како лажна, ниту една институција или компанија има најавено или раширено вест дека нафтените деривати ќе скокнат или дека ќе снема залихи во складиштата.

Откако денеска во Штип се создадоа колоните од возила пред бензинските пумпи забрането е точење на нафтени деривити во туби, пред се за да не се складира и загрози безбедноста на граѓаните. Од најголемата нафтена компанија Макпетрол за Телма велат

Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на бензинските пумпи  на оваа компанија и покрај фактот дека во овој момент Макпетрол работи со загуба. Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат општата безбедност на граѓаните .

 Само во Штип е забележана ваква паника и колона од возила пред бензинските пумпи, а граѓаните велат дека лажната информација ја прочитале на социјалните мрежи.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе