Вести Свет

Ерменија избра нов претседател

Ерменскиот Парламент денеска, во вториот круг со тајно гласање, го избра министерот за индустрија и висока технологија Вагн Хачатријан за претседател на земјата.

– За кандидатурата на Хачатријан гласаа 71 пратеник, со што е избран за претседател на Ерменија, изјави потпретседателот на парламентот Акоб Аршакјан.

Претходно денеска, во првиот круг гласање, Парламентот на Ерменија не успеа да избере нов претседател на земјата затоа што владејачката партија „Граѓански договор“ не успеа да собере доволно гласови. Тогаш Хачатријан, доби 69 гласа.

Според Уставот на Ерменија, кандидатот за претседател треба да добие најмалку три четвртини од гласовите за да биде избран на функцијата.

Ерменскиот претседател Армен Саркисијан поднесе оставка на 23 јануари годинава, објаснувајќи го потегот со фактот дека претседателот ги немал потребните средства за да влијае на клучните надворешнополитички прашања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе