Германија размислува да и испорача 2.700 противвоздушни ракети на Украина во обид да се одбрани од руската инвазија, изјави во четвртокот владин извор.
Германската новинска агенција ДПА претходно објави дека Министерството за економија одобрило испорака на ракети „Стрела“ од советско производство, кои се дел од залихите на армијата на поранешната Демократска Република Германија.
Изворот за Ројтерс изјави дека Федералниот совет за безбедност допрва треба да го одобри потегот. „Ракетите се подготвени за транспорт“, рече изворот.
Доколку пратката биде одобрена, тоа ќе биде дополнителна воена помош за Украина, заедно со 1.000 противтенковски оружја и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ кои Германија веќе соопшти дека ќе и ги испорача на Украина.
