Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово преку Фејсбук им се обрати на граѓаните.
Тој рече дека украинските одбранбени линии се задржуваат додека руските сили ги напаѓаат. Тој рече и дека од полноќ немало прекин во руското бомбардирање.
Зеленски рече дека промените во руската тактика и гранатирањето цивили во градовите покажале дека Украина е успешна во отпорот на првичниот план на Москва да испорача брза победа со копнен напад.
„Толку пати сакаа да не уништат. Не можеа. Поминавме низ толку многу. А во Украина нема работа. Одете дома“, рече Зеленски.
Тој и порача на Русија: „Научете го зборот „репарација“.
Тој рече дека Русија ќе мора да и надомести на Украина за целата претрпена штета за време на војната.
„Ќе ја обновиме секоја куќа, секоја улица, секој град“, рече тој.
