Вести Свет

СЗО повика на итно отворање хуманитарен коридор во Киев

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус повика на итно отворање на хуманитарен коридор во Киев за да им се пружи помош на жителите кои останаа во главниот град на Украина.

„Постои итна потреба за воспоставување коридор за да се обезбеди сигурен и континуиран пристап за хуманитарните работници и испорака на залихи за луѓето кои имаат потреба“, рече Гебрејесус на брифинг во Женева.

Директорот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан рече дека е „потребен  хуманитарен пристап, периоди на примирје за да може да ги преместат пациентите и да транспортираат медицински материјали“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе