Свет

Најмалку 5 руски супер јахти се закотвиле на Малдивите деновиве

Најмалку пет суперјахти во сопственост на руски милијардери биле закотвени или крстареле по Малдивите , островска држава во Индискиот Океан која нема договор за екстрадиција 
со Соединетите држави.

Пристигнувањето на бродови во архипелагот во близина на брегот на Шри Ланка дојде по 
воведувањето на строги западни санкции кон Русија, како резултат на инвазијата на Украина која започна на 24 февруари.

Суперјахтата Clio, во сопственост на Олег Дерипаска, сопственик на алуминиумскиот гигант Русал, а санкционирана од САД во 2018 година, е закотвена во близина на главниот град 
Мале, според базата на податоци MarineTraffic.

Титан, во сопственост на Александар Абрамов, ко-основач на производителот на челик Евраз, пристигна на 28-ми февруари.
 
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе