Македонија

Собранието одлучува за Комисијата за избори и именувања

Гласни довикувања, собирање пратеници околу собраниската говорница, меѓусебни опоменувања за неделовничко однесување и серија процедурални дискусии. Вака опозицијата го дочека обидот на спикерот Талат Џафери и пратеници од СДСМ да се стави точка за разрешување на Фадиљ Зендели од член во Комисијата за избори и именувања. Исклучениот микрофон не дозволи да се чуе што `се си рекоа па се вратија во пратеничките фотелји, но имаше и што да се чуе.

За опозициските партии, ова е преседан бидејќи не може пленумот да одлучува без соодветен материјал и без мислење на комисиите, а Комисијата има доволно членови за да заседава. ВМРО ДПМНЕ се закани со бојкот на координациите бидејќи власта набрзина одлучила да го смени составот на комисијата и да избере партиски уставни судии.

СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за лицемерие и потсети како се однесувале кога биле на власт.

Џафери го повика Фадиљ Зендели самиот да си даде оставка од Комисијата, исто како што во декември се повлече од потпретседател на Собранието, со образложение дека партијата БЕСА преминува во опозиција, а тој е избран како претставник на власта. Мнозинството инсистира на деловничкото правило за политички баланс во комисиите, според кој, местото на БЕСА треба да го заземе пратеник од СДСМ. Заради ваквите несогласувања, Комисијата не заседава со месеци, а Уставниот суд работи со пет од потребните девет судии.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува и натаму важи забраната за користење на водата за пиење

Дејан Дејан

Јошески: АХВ сеуште не е известена од Центарот за јавно здравје Тетово за водата во Лешок

Дејан Дејан

Се врши проценка на штетите по силниот ветар во Штип – пациентите од Ортопадија се уште се на другите одделенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе