Вести Свет

Американски разузнавачи тврдат дека Русите ќе го заземат Киев за најмногу 96 часа

Тројца американски функционери за Њузвик изјавиле дека очекуваат украинскиот главен град Киев да падне во рацете на руските сили во рок од максимум 96 часа и оти отпорот на земјата брзо потоа ќе биде ефективно неутрализиран.

Официјалните лица, кои побарале да останат анонимни, рекле дека фокусот на Москва ќе биде да ги опколи украинските сили. Се очекува Киев да биде заземен во рок од 96 часа, а потоа и раководството на Украина за околу една недела.

Војската можеби ќе издржи уште неколку дена, но и таа нема многу шанси, рече еден функционер, додавајќи дека Русија наскоро ќе премине на посеопфатни копнени операции.

Извор близок до владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така побарал да остане анонимен, се согласил со проценката на САД дека Киев може да биде опколен во рок од 96 часа.

Во меѓувреме, и други светски агенции јавија дека руските сили напредуваат кон главниот град на Украина.

Михаило Подољак, советник на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека „Кабинетот на Зеленски смета оти Руската Федерација има две тактички цели – да заземе територија и да го нападне легитимното политичко раководство на Украина за да шири хаос и да инсталира марионетска влада за да потпише мировен договор за билатералните односи со Русија“.

Непријателот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во големите градови, особено во Харков и Киев. Постои можност руските вооружени сили да ги окупираат владините квартови, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Видовме полицајци, не ни помогнаа – сведочења на малолетници за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе