Вести Македонија

Ковачевски: Нема лидерска, ако опозицијата сака да разговара само за предвремени избори

Премиерот Ковачевски му порача на Мицкоски дека нема да го повика на лидерска средба доколку на неа се инсистира да се разговара за предвремени парламентарни избори. Повтори дека оваа Влада ќе го истера мандатот до 2024 година.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ пак Христијан Мицкоски е убеден дека предвремени избори ќе има а како ќе се реалзираат не открива.

Мицкоски од Гостивар повика на нов патриотизам, обединување на сите националности  за подобра иднина на Македонија. Предвремени избори бараа и партиите од албанскиот опозициски блок,  Алијанса на Албанците и Беса. Сметаат дека тоа е единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа државата а како причини ги наведуваат ефункционални институции, енергетска криза, Ковид пандемија,инфлација, немање консензус за Изборниот Законик и за укинување на пржинската влада, несправувањето со борбата против криминалот и корупцијата .

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе