Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Во овој бран децата се поболни од родителите – Омикрон најмногу ги погоди најмладите

Во овој бран на зараза, децата се поболни од родителите. Вака доктор Галбова од детската болница „Козле“ ја опишува силината на варијантата Омикрон. Браќата и сестрите од училиште, или родителите им го носат дома вирусот и ги заразуваат најмалите, па така новородените деца се и најпогодени. И не сите ја поминуваат болеста толку лесно – има пациенти со пневмонии и со потешка клиничка слика. Симптомите се различни. Едномесечно бебе е најмладото хоспитализирано во „Козле“.

„Кај тие што ќе стигнат до болница имаме и потешки и помалку тешки пациенти. Некои манифестираат клиничка слика и на бронхопневмонија и на бронхиолити многу често. Поголем процент од децата поминуваат полесно, со умерено тешка клиничка слика и имаат по температура и по три или четири дена, потоа многу често имаат проливи и повраќања, па имаат потреба од парентерална рехидратација или да примаат течности за рехидратација. И добро е што овие пациенти добро завршуваат.“ -изјави Д-р. Софија Галбова од Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“.

Пост-ковид периодот кај децата се манифестира индивидуално. Најголемиот дел од нив немаат никакви последици. Но, кај некои организмот и по повеќе недели се бори, дури и откако ќе оздрават од Ковид.

„Некогаш во одредени ситуации, децата имаат подолготрајна субфебрилност или ниска температура којашто обично им се појавува во попладневните часови. Таа може да трае повеќе денови или недели, меѓутоа без реперкусии по нивната општа здравствена состојба.“ – вели Д-р. Галбова.

Во детската болница „Козле“ во моментов се хоспитализирани 30 деца, а има вкупно 54 пациенти во болнички кревет – тука вклучувајќи ги и родителите со нив, што е близу до речиси целосна исполнетост. Дел од најмладите прележуваат и по вторпат, но полесно од првиот пат кога биле заразени, иако за варијантата Омикрон познато е дека го заобиколува веќе посточекиот имунитет.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе