Вести Македонија

Почна скринингот во неколку основни училишта во Скопје – досега добиени 5.000 согласности од родители

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека почна скринингот во училиштата. Завршена е првата фаза за добивање и обработка на согласностите од родителите.

Според МЗ, голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје.

-Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.  Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и  Здравствениот дом Скопје, информира МЗ.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето

Sonja Petrusevska

САД воведуваат нови царини за 60 од своите најголеми трговски партнери

Igor Trajkov

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе