Вести Забава

Џони Деп сака да се сели во Србија, Вучиќ го одликува со златен медал за заслуги

Холивудскиот актер Џони Деп вчера беше одликуван со Златен медал за заслуги на Република Србија, за неговиот исклучителен придонес во областа на културата. Тој го доби овој медал по повод Денот на државноста, а лично му го врачи српскиот претседател, Александар Вучиќ, пренесоа српските медиуми.

Ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу сум горд. Почитуван господине претседателе, народе на Република Србија, уметници, продуценти. Пред многу години бев благословен кога запознав еден необичен човек. Штом го видов, знаев дека не припаѓа во Холивуд. Неговото име е Емир Кустурица. Кустурица ми стана брат, неговото семејство стана мое, ги гледав неговите деца како растат. Тоа беше врска што ја создадовме од првиот ден кога се запознавме. Кога те сака, тој навистина те сака, а кога не те сака, навистина не те сака, вака Деп го почна својот говор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by n1srbija (@n1srbija)

Актерот во својот говор нагласи дека од Србија добивал само подароци.

 Овде не добив ништо освен подароци. Емир ми подари сосема нов живот. Сега сум на почеток на еден нов живот и ми се допаѓа овој почеток. Би сакал тој почеток да биде во Србија, ако ме сакате, се разбира, истакна тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Дејан Дејан

Осомничен за кражби во црква и џамии – приведен тинејџер од Тетово

Sasko Dimovski

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе