Вести Свет

Борел: Русија сака да изврши притисок врз Украина

Европската Унија оценува дека целта на Русија не е да ја окупира Украина, туку само да изврши притисок врз Киев со цел да се ревидира безбедносната архитектура во Европа, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Украина не е важна за Русија. За Русија, архитектурата на безбедноста во Европа е важна, архитектурата што ја оспорува. Тие се загрижени за безбедноста и сакаат да разговараат за тоа, истакна Борел за време на посетата на Вашингтон.

Тој додаде и дека целта на Москва не е да ја нападне Украина, туку преку притисок врз Киев да зборува за нешто важно за Русија, а тоа е, како што нагласи, проширувањето на НАТО и безбедносните грижи на тој план.

Борел потенцира дека мора да се земе предвид загриженоста на Русија и да се разговара за тоа. Борел истакна дека ЕУ, САД и НАТО се вклучени во дијалог со Русија на различни нивоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе