Вести Македонија

Маричиќ: Не сакаме избрзано решение со Бугарија

Досегашното комуницирање со датуми и рокови не ни донесе среќа и успех и сакаме брзо, но не и избрзано решение со Бугарија, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Топ тема“ на Телма.

Тоа сепак не значи дека може вечно да дискутираме, дециден е Маричиќ.

Тој додаде дека брзата и интензивна динамика не тера да ги отвориме сите прашања и во краток рок да се дојде до договор.

Ако оперираме со датуми, само ќе бориме денови, наместо да работиме. Подобро е да работиме и кога ќе има успех или неуспех да кажеме дека сме го решиле или не сме го решиле проблемот, истакна вицепремиерот за европски прашања, потенцирајќи дека целата Влада е фокусирана на решавањето на овие прашања со Бугарија и почеток на преговорите со Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе