Вести Свет

Столтенберг ќе биде гувернер на Норвешката централна банка

Покрај тензичната ситуација во Европа, НАТО сега се соочува со задача да најде и наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој треба да ја напушти функцијата и да застане на чело на Норвешката централна банка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии, пренесе ДПА.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.

Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзи во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега социјалдемократ, додава ДПА.

Ида Волден Баче, актуелен заменик гувернер на Централната банка, исто така беше во комбинација за гувернер на банката. Волден Баче во март привремено ќе застане на чело на банката, додека Столтенберг не ја преземе функцијата, веројатно на почетокот на декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе