Вести Свет

Најмалку 20 луѓе во Аргентина починаа од токсичен кокаин

Најмалку 20 лица починаа во Аргентина од кокаин кој содржи отровна материја, а полицијата прави напори што повеќе да го повлече од улиците.

Здравствените власти соопштија дека најмалку 84 лица биле хоспитализирани откако користеле кокаин измешан најверојатно со синтетички опиоиди, а некои сè уште се на респиратор.

Жртвите се претежно млади Аргентинци од сиромашните квартови околу главниот град Буенос Аирес.

Полицијата соопшти дека до денеска запленила 15.000 мали пакувања со токсични лекови и уапсила седум лица.

– Сè уште не се готови токсиколошките тестови кои треба да покажат која супстанца се меша со кокаин, но најверојатно станува збор за синтетички опиоид кој се користи за подобрување на дејството на кокаинот, изјави Серџо Берни, министер за безбедност во провинцијата Буенос Аирес.

Од Центарот за правни и социјални студии, невладина истражувачка организација која се залага за легализација на некои дроги, велат дека легализацијата на одредени количини за лична употреба ќе овозможи поголем надзор и инспекција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе