Вести Македонија Најважни

Одговорите до Бугарија и за пратениците остануваат тајна – Османи не им ги кажа

Одговорите кои Македонија и ги доставила на Бугарија на пет плус едното барање остануваат тајна. Шефот на диломатијата, Бујар Османи, денеска ниту на пратениците во  Комисијата за надворшена политика не им откри што е одговорено.

„Разговорите се се уште во фаза на размена на идеи, нон-пејпери, работни документи, па и обични разговори и затоа не сме во можност да ги презентираме овде затоа што тоа не се договорени предлози. Не можете сред разговорите да ги презентирате нецелосните работни документите затоа што така ги нарушувате разговорите“, рече Османи.

Тој притоа ги покани пратениците кога сакаат да дојдат во МНР таму да им ги презентира одговорите кои ги доставила македонската страна, што предизвика бурна реакција од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Било кој пратеник нека дојде во МНР и јас ќе им ги прочитам пред нив сите формулации, меѓутоа не можам да доставам документи“, рече Османи.

Кои пак го потсетија кој кому одговара според Уставот.

„Уставниот систем во Македонија е министри да доаѓаат во Собранието, не пратеници да одат кај министрите. Не го потценувам, но никој од нас не се чуствува, не е во таква состојба како Кастриот Реџепи да доаѓа кај вас и да разговара за Европа 21“, му возврати Антониот Милошоски, претседател на Комисија за надворешна политика.

Османи зборувајќи пред Комисијата за разговорите кои се водат со Бугарија рече дека се ширела хистерија оти некој сам може да донесе одлука на штета на националните интереси на држават, уверувајќи ги пратениците дека токму тие ќе преба последни да дадат зелено светло за договореното.

„Ништо не може да се случи без да помине низ сите филтри на одобрување, и се разбира, на крај да го добие и ова одобрување – на Собранието“, порача Османи.

Османи ги уверуваше пратениците дека идентитетските прашања во одговорите кои ги дала земјава на бугарските барање се заштитени, поточно дека за нив не се преговара и никој го нема тоа право. Шефот на дипломатијата притоа посочи дека најважно прашање за земјава од пакетот е имплементација на одлуката на Европскиот освет за старт на преговорите со земјава, при што како клучна позиција на државата посочи дека е македонскиот јазик да биде третиран како официјален јазик на Унијата без никакви дополнителни квалификации и прашања поставени од Бугарија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои доминираа на говорницата во Комсиијата на Османи му возвратија не само што нема легитимитет да преговара за вакви национални прашања бидејќи не е избран од народот, туку и да не ги потценува.

„Дали мислите дека некој од власта повеќе сака да се реши проблемот од некојк од опозицијата? Не исто сакаме. И јас сакам час поскоро да почнеме преговори со ЕУ. Но зошто мислите дека колегата Николовски или професорката Силјановска или колешката Каревска Ванчова или колешката Мираковска не можат нешто да ви кажат дополнително за да ги засилиме нашите позиции. Мислите дека целиот ум во ова општество е собрано во вас на „Илинденска“? “, го запраша Љупчо Пренџов до ВМРО-ДПМНЕ.

„Велите не разговарате за иднетитетот. Ако некој рече дека е тоа внатрешно парашање на Бугарија и дека нема македонско малцинство во Бугарија тоа е директно мешање во идентитетот“, му предочи пратеничката Гордана Силјановска на министерот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на Османи му порачаа и дека за решавање на прашањето со Бугарија е потребно политичко единство во земјата, што во моментов го нема, а некои не се воздржаа и од лични напади врз него. Османи откако ги ислуша сите на дел им забележа за личните напади, призна дека власта можеби имала грешки во транспарентноста, а и им се извини ако звучел надмено во поканата да дојдат во МНР и им вети дека негов отчет пред Комисијата ќе стане редовна пракса.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе