СЕКОЈ КАДАР ГОРИ ОД ЗБИЕНИ ЕМОЦИИ И ЧОВЕЧКО СОЧУВСТВО.
“ЖЕНАТА ШТО ЗАМИНA” филм во режија на Лав Дијаз, добитник на Златниот лав во Венеција.
Нејзиното име е Хорасија. Таа поминува во затвор 30 години. Кога ќе ја отслужи казната и ќе биде ослободена, дознаваме дека всушност и никогаш не била виновна за убиството. Нејзиниот поранешен љубовник од љубомора ја ставил во затвор додека вистинскиот убиец во меѓувреме го признава делото и се самоубива испраќајки ја Хорасија на патување во трагичното минато и неизвесната иднина.
Дали ќе успее да му одмази на својот поранешен љубовник?
Овој црно бел филм е сниман на Филипините.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.