Вести Македонија Топ вести

Гаврил Бубевски избран за шеф на ОЈО Скопје

Јавниот обвинител од поранешното СЈО, Гаврил Бубевски е избран за нов шеф на Скопското обвинителство.

Ваква одлука донесе денеска Советот на јавни обвинители откако веќе подолго време шефовското столче во обвинителството е празно. Тој доаѓа на местото на обвинителот Сашо Рајчев кој пак уште во април 2021 година беше избран за Виш јавен обвинител.

Бубевски како дел од поранешното специјално обвинителство, ги застапува предметите „Монструм“ за кој предмет сега е најавен и меѓународен мониторинг и „Насилство во Центар“ кој заврши со правосилна пресуда од 1,5 години затвор за екс премиерот Никола Груевски.

Тој го водеше и предметот Титаник 3 каде обвинети се функционери на ДУИ за изборни нерегуларности, Ејуп Алими и Исмет Гури, а на едно од судењата објави и дека добива закани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Јорданов: По невремето најголема матерјална штета има Клиничката болница во Штип

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе