Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Портретот на Заев закачен на премиерскиот ѕид на местото каде „висеше“ Груевски

Рокада на премиерскиот ѕид. Откако портрет на Зоран Заев не беше поставен кога се повлече, а технички претседател на влада стана Оливер Спасовски (портретот на Спасовски го пополни последното празно место на ѕидот), сега владините служби правеле реконструкција на распоредот.

Портретот на веќе поранешниот премиер Зоран Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат во владата. Тој е последниот во низа. На сликата се гледа репродукција од позната фотографија на Заев, тој е напред, а во позадина се занимињата на државата, на НАТО и на ЕУ.

Позицијата на премиерскиот портрет е интересна бидејќи досега на овој ѕид на истото место се наоѓаа портретите на Никола Груевски и на Емил Димитриев. Тие сега се повлечени наназад на ѕидот односно кон лево  (гледано според горната фотографија).

 

Кога Спасовски ја предаваше функцијата премиер на Заев (негово второ преземање), портретот на Спасовски беше единствениот кој се наоѓаше од десната страна на прозорецот, а сега последен во низа е Заев.

Покрај неговиот портрет утрово помина и новоизбраниот претседател на влада Димитар Ковачевски, кој е десети по ред премиер на државата. Претходно премиери беа Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Црвенковски по вторпат, Костов, Бучковски, Груевски, Димитриев, Заев, Спасовски, Заев по вторпат.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе