Вести Македонија Топ вести

Струмичките домаќинства и компании се откажуваат од греењето на гас откако цената на природниот гас се зголеми за речиси 90%

Корисниците на природен гас во струмичко полека се откажуваат од користење на овој енергенс откако цената се зголеми за 90 проценти, односно од околу 46 на 80 денари за метар кубен.

Од јавното претпријатие Струмица гас потврдуваат дека драстично им се намалила потрошувачката од почетокот на јануари.

Милановиќ вели дека немаат точна бројка колкав дел од околу 400 корисници домаќинства и компании во струмичко се откажале и преминале на друг енергенс, но дополнително ќе се утврдува.

Струмичани велат дека зголемувањето на цените на електричната енергија и природниот гас е удар за стандардот на граѓаните.

Општината во буџетот за 2022 година предвиде 10 денари субвенции за цената на природниот гас, со цел поголем број граѓани да се приклучат на гасоводната мрежа во насока на  намалување на потрошувачката на другите нееколошки енергенси за затоплување, но со поскапувањето на гасот, оваа мерка ја губи својата суштина.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе