Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Земјотресите уништија дел од битолската болница

На фотографии од внатрешноста на битолската клиничка болница (неврологија и интернистичко) се гледаат штетите од земјотресите кои изминативе неколку дена ја погодија околината на Битола.

Распаднат малтер и се гледаат голи тули во ѕидовите на болничките соби за пациенти, дупки во ѕидовите и оставени лични работи на пациентите кои биле на лекување во моментот на земјотресот.

Болничкото раководство наредило преместување на дел од пациентите во најзагрозените подрачја на болницата кои се затворени, а најави дека до понеделеник ќе се нормализира состојбата односно ќе почнат редовно да се извршуваат операциите во болницата.

Истовремено Битола е втор најпогоден град со нови заболувања од омикрон сојот на корона вирусот.

Од понеделник редовни операции во Клиничката болница во Битола

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе