Вести Македонија Топ вести

Полицијата и инспекторатите во лов на комбињата на дивите превозници

Градките инспектори конечно излегоа на улица за да проверат кој и како превезува патници по скопските улици но дивите превгозници не ги видоа. Затоа пак тие ги видеа инспекторите и ги паркираа своите возила. Камерата на телма улови едно небрендирано комбе кое и денес продолжи да вози на релацијата Рашче – Скопје и успеа да ги избегне сите контроли на сообраќајната полиција

На едната страна на Партизанска сообраќајни контроли, од другата страна на булеварот див превозник со полно комбе патници. Ова беше сликата која денеска ја затекнавме но за разлика од минатите денови повеќето диви превозници денеска ги немаше по градските улици. Ова комбе, кое беше сопственост на „Беса транс“ а сега на жител на Кондово, превезуваше патиници и понатаму, иако нема лиценца и не е брендирано.

Едно од комбињата со кои деновиве на двио се превезуваат патници го затекнавмне паркирано до автобусите на „Беса транс“, на влезот во скопско Рашче.

Од Град Скопје потврдија дека инспекторите се на терен но диви превозници засега не откриле.

Град Скопје: „Инспекторите на патен сообраќај од Градот Скопје редовно вршат контроли на линијата  Рашче- Кондово- Скопје, истите последниов период беа засилени. Контролирани се сите комбиња кои беа затекнати како вршат превоз на патници и истите имаат лиценца за вршење на оваа дејност до 07 февруари. Во контролите со инспекторите на Град Скопје учествуваа и припадници на СВР Скопје. Градските инспектори ќе продолжат со редовните и засилени контроли со цел откривање на евентуални диви превозници“

МВР соопшти дека во тек е акциска контрола која трае подолго време а биле октирени неколку  технички неисправни комбиња. Контролите ќе продолжат велат од полицијата

МВР: „Во координација со инспектори од град Скопје беше спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници а беа откриени и санкционирани четири возила, од кои две беа со неисправни сопирачки, а едно со неисправен уред за управување. Тие веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци“

Од Министерството за транспорт и врски пак соопштија дека денеска е одземена лиценца на превозникот „Бога Транс“ од Скопје бидејќи во контрола кон крајот на декември минатата годиона зад воланот на нивното возило бил затекнат возач кој немал валиден сертификат и меѓународен сообраќај.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе