Вести Ковид19 Свет Тенис Топ вести

ФОТО: Ѓоковиќ на 17-ти декември давал награди и промовирал поштенска марка со негов лик, а во судските документи во Австралија стои дека ден претходно имал позитивен ПЦР тест

На инстаграм профилот на Новак Ѓоковиќ стои фотографија поставена на 17-ти декември лани на која е промовирана поштенска марка со негов лик. Настанот според српските медиуми се случил ден претходно (или дента кога бил позитивен на корона според австралиските судски документи).

Настанот се случил во српски Пошти во Белград. Истиот ден 17-ти декември, Ѓоковиќ учествувал и на доделувањето на наградите за најдобри млади тенисери на град Белград што е објавено и на сајтот на Тенискиот сојуз на Србија.

Рано утрово пак беше откриено што пишува во судските документи во Австралија со која тој бара поништување на одлуката за негова депортација. Во тој документ јасно стои дека адвокатите во жалбата навеле дека Ѓоковиќ бил позитивен на корона на 16-ти декември, односно ден пред да биде гостин на доделувањето на наградите и на промоцијата на сопствената поштенска марка.

Австралискиот суд во понеделник ќе треба да одлучи дали ќе ја прифати жалбата на најдобриот светски тенисер или пак ќе го протера од Австралија без да учествува на Аустралиан опен на кој е рекордер со 9 шампионски титули.

На 1.јануари австралиското МВР го известило Ѓоковиќ дека ги исполнува критериумите за влез без вакцинација поради прележана корона во декември

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе