Вести Македонија Најважни

И Игор Ивановски-Шема се враќа со партиска функција во СДСМ

Според сознанијата на Телма од високи партиски извори, СДСМ во понеделник на централниот одбор на партијата ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.

Игор Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Како пратеник беше дел од пратеничката група на СДСМ и коалицијата кои на 24-ти декември 2012-та (црн понеделник) кои беа исфрлени од собраниската сала затоа што протестираа против новиот годишне буџет, а откако застанаа пред собраниската говорница, тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ употреби повеќе полициски службеници во цивилно, од единицата АЛФИ, за да ја исфрлат опозицијата од Собранието.

Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од 4-те потпретседатели на СДСМ. Според извори на Телма, ова место се уште не е пополнето, а има 4 кандидати.

Останатите тројца потпретседатели на партијата извесно би требало да бидат економскиот вицепремиер Фатмир Битиќи кој единствен од старата гарнитура останува потпретседател во партијата.

Нови потпретседатели на партијата ќе бидат Петар Костадинов, градоначалникот на Валандово, кој оствари победа на претстојните локални избори и е еден од ретките градоначалници на СДСМ кој го задржа градоначалничкото место.

Потпретседател на партијата треба да биде пратеничката од Битола Бисера Костадиновска Стојчевска, која при гласањето за кризните корона мерки дојде во скафандер да гласа иако беше болна од Ковид 19.

Миле Зечевиќ кој заедно со новиот партиски претседател Димитар Ковачевски учествуваше во внатрепартиската кампања се очекува да биде нов генерален секретар на СДСМ, на местото на досегашниот Љупчо Николовски.

Од потпретседателскиот состав досега, си заминува Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи чија идна функција во владата се уште е мистерија. Досегашната министерка за образование и наука Мила Царовска заминува и од партиската потпретседателска функција и од министерската. Иста судбина го снајде и досегашниот министер за здравство Венко Филипче.

Според партиски извори, втората позиција во партијата заменик-претседател и натаму останува резервирана за Сања Лукаревска, актуелна директорка на УЈП.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе