Вести Ковид19 Свет

Велика Британија со рекорден број новозаразени со Ковид-19 – прв пат регистрирани над 100 000 случаи во еден ден

Бројот на дневни нови позитивни случаи на Ковид-19 во Обединетото Кралство за прв пат надмина 100 000.

Денеска регистрираните 106 122 новозаразени го надминаа претходниот рекорд, кога на 17-ти декември беа пријавени 93 045 случаи.

Пријавени се и дополнителни 140 смртни случаи.

Во државата во тек е и голема кампања за давање бустер, трети дози од вакцините против Ковид-19, при што досега биле имунизирани 30 милиони и 800 илјади луѓе, од кои 6,1 милион само во текот на минатата недела.

Бројот на новозаразени луѓе останува на исклучително високо ниво во Обединетото Кралство во последниот период, при што 8 од 10-те денови со најмногу позитивни случаи се регистрирани по 15-ти декември.

И покрај брзото ширење на Омикрон сојот на корона вирусот, британскиот премиер, Борис Џонсон, изјави дека пред Божикните празници во Англија нема да бидат воведени нови рестрикции.

Сепак, британскиот премиер не ја негираше можноста да предложи нови мерки по Божик, заради Омикрон сојот.

Истовремено, за луѓето заразени со Ковид-19, задолжителната самоизолација се намали од 10 на 7 дена, доколку имаат негативен тест на 6-тиот и 7-иот ден од заразата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на сараевскиот фестивал

Sonja Petrusevska

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе