Филмови

ГОРЕЊЕ (понеделник, 20 декември 2021 – 23:30)

Burning (2018), Јужна Кореја

Режија: Ли Чанг-Донг (Lee Chang-dong)

Улоги: Ју Ах-Ин (Yoo Ah-in), Стивен Јеун (Steven Yeun), Јеон Јонг-Сео (Jeon Jong-Seo).

Kритичарите од FIPRESCI на филмот му ја доделија наградата за најдобар филм на канскиот фестивал во 2018-та година. “Burning” е првиот корејски филм кој успеа да влезе на скратената 9-филмска листа за Оскар за најдобар странски филм во 2019-та. Наредната година „Паразит“ од Кореја ги освои најважните оскари во филмските категории.

Доставувачот Јонгсу е излезен на работа кога налетува на Хаеми, девојка која некогаш живеела во неговото соседство. Таа прашува дали би му пречело да се грижи за нејзината мачка додека таа е отсутна затоа што ќе патува во Африка. На враќање на аеродром, Хаеми му претставува на Јонгсу енигматичен млад човек по име Бен, кого го запознала за време на нејзиното патување. Еден ден Бен му кажува на Јонгсу за неговото најнеобично хоби кое е поврзано со палење опасен оган.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФИЛМОТЕКА НА ТЕЛМА 07-09.02.2025

Дејан Дејан

ЧОВЕКОТ ШТО ЈА ПРОДАДЕ СВОЈАТА КОЖА – НЕДЕЛА 09.02.2025, 23:45

Дејан Дејан

МИЛЈА 22 -НЕДЕЛА 09.02.2025 – 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе