Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се регистрирани 298 ново заразени со корона вирусот, од направени 2 831 тестирања.
Истовремено, пријавени се 10 починати лица на возраст од 55 до 85 години.
6 од нив го загубиле животот во минатото деноноќие додека уште 4 лица се починати согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин во периодот од 9-ти до 12-ти декември.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
