Откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска побара намалување на цените на паркингот во Скопје за 25%, службите на ЈП „Градски паркинг“ изготвиле нов ценовник кој што треба да се усвои до крајот на оваа работна недела.
Директорот на Градски паркинг Борче Јакимовски вели дека УО на претпријатието треба да го усвои и потоа Советот на град Скопје на седница да го официјализира новиот ценовник во кој цените ќе се спуштат за 10 денари по час паркирање.
За затворените паркинзи и во катните гаражи наместо 30 новата цена ќе биде 20 денари. На зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 ќе се намали на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе чини 20 денари наместо досегашните 30 како што е досега. Исто намалување, од 30 на 20 денари е предвидено и за паркингот во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.