Две лица, еден Британец и еден Хрват, се уапсени во врска со судирот помеѓу два товарни бродови, еден британски и еден дански, во близина на шведскиот брег. Шведските власти се сомневаат дека постојат основи за кривично дело и тоа небрежност на море и пијанство на море.
Едно лица загина, а друго се води за исчезнато, откако двата товарни бродови се судриле и помалиот дански брод прво се превртел, а потоа бил прегазен од двојно поголемиот британски брод. Сударот се случил во водите помеѓу јужниот шведски град Истад и данскиот остров Борнхолм. Сѐ уште е нејасно како точно дошло до сударот помеѓу двата бродови кои патувале парарелно еден до друг, но очевидци велат дека утрото имало магла и намалена видливост.
Шведската крајбрежна стража повикот за помош го добила во 3 часот и 30 минути по Средноевропско време и веднаш започнале потрага по исчезнатиот морнар.
Шведскиот национален одбор за здравство соопшти дека луѓето вообичаено не можат да преживеат во толку студена вода повеќе од еден час. Портпаролот на шведската поморска управа Јонас Францен изјави за Би-Би-Си дека температурата на водата била 4 степени Целзиусови, а на воздухот пет.
Двете жртви се од бродот Карин Хој, а целиот екипаж на британскиот брод е добро.
Можам да потврдам дека дошло до несреќа, но не можам да кажам какви се околностите, рече Сорен Хој, директор на Редериет Хој, компанија која е сопственик на Карин Хој.
Данскиот метеоролошки институт извести дека маглата не била густа и дека ваквите услови „не се невообичаени“ во овој период од годината.
