Вести Македонија Топ вести

Нова игра со осудените за тероризам во Диво Насеље-посета на косовски заменик министер за правда, „Монструм“ не е на агендата

Во затворот Идризово утре ќе има посета. Косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху заедно со домаќинот Агим Нухиу ќе ја посети управата на Идризово, но за други активности и посети на затвореници нема никаква најава ниту одобрување, ни рекоа од управата на најголемиот амекдонски затвор.

Салаху, пак според МИА, синоќа во емисија во косовскиот етер најавил дека ќе ги посети доживотните осуденици- терористи од случајот Диво Насеље.

Косовскиот заменик министер во емисијата тврдел дека домаќинот Нухиу одобрил таква посета на затвореници за да ги провери условите во кои ги издржуваат казните за тероризам и кумановските настани од пред 6 и пол години кога загинаа 8 полицајци , а над 50 беа ранети и повредени.

Но, заменик министерот Нухиу демантира дека такво нешто воопшто било договорено и дури и Салаху му се јавил и му тврдел дека не посочил посета на затворениците во цитираното интервју.

-Колегата ќе дојде во посета и се интересира за условите во затворот Идризово за осудените на доживотен затвор. Нема барано никаква дозвола за посета и тоа оди првично преку МНР, па преку министерството за правда. Ќе се сретнеме со затворската управа во која ќе биде информиран за условите во кои се сместени, пристапот до правните инструменти и за почитување на човековите права, ни изјави во телефонски разговор Агим Нухиу, заменик министер за правда.

За една недела ова е втора политичка изјава за случајот Диво Насеље откако претходно по договорот за влегување на Алтернатива во владата, Заев и Гаши најавија меѓународна проверка и анализа на пресудите на неколку случаи меѓу кои и Диво Насеље.

Во процесот беа осудени вкупно 33-ца од кои 7 на доживотен затвор, а 13 добија максимални затворски казни од 40 години затвор и сега се во жалбена постапка пред Врховниот суд.

Поголем дел од осудените се од Косово, а во мај 2015-та беа дел од кумановската терористичка група. Се уште не се расветлени околностите за нивното доаѓање и дали биле ангажирани од некој од Македонија за да предизвикаат инциденти.

Во пакетот случаи од барањето на Алтернатива е и Монструм, а Нухиу ни рече дека утре нема да разговараат со косовскиот колега за апсење и испорачување на двајцата доживотни осуденици за 5-кратното убиство кај Смилковци, кои што се во бегство и со години се во Косово.

Миомир Серафиновиќ  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе