Вести Свет

Коалициски протокол потпишан во Германија

Олаф Шолц, кој ќе го преземе премиерското место во коалициската влада заедно со претставниците на партиите кои ќе учествуваат во владата, го потпишаа протоколот за коалиција од 177 страници што беше договорен 2,5 месеци по општите избори одржани во главниот град Берлин на 26 септември.

Во својот говор Шолц изјави дека резултатите добиени во последните недели овозможиле да се постигне напредок во земјата.

„Ова треба да биде утро кога тргнуваме со новата влада“, изјави Шолц.

Идниот премиер Шолц рече дека новата коалиција првенствено ќе ја посвети целата своја сила во борбата против кризата со коронавирусот.

Копретседавачот на Зелените Роберт Хабек, кој ќе ја извршува функцијата министер за економија и заштита на климата во новата влада, изјави дека целта е да се формира влада за граѓаните.

Социјалдемократската партија (СПД), ФДП и Зелените претходно го одобриле протоколот за коалиција во овластените совети, а се отворил и патот за формирање на коалицијата СПД-ФДП-Зелени, која поради боите на партиите (црвено-жолто-зелено) кои би учествувале во владата била наречена „семафор коалиција“.

Се очекува новата влада да стапи на должност откако утре во Бундестагот за премиер ќе биде избран Олаф Шолц.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ го брани Меѓународниот кривичен суд откако Рубио најави кампања за негова изолација

Kristina Kuzmanovski

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

(Видео/Фото) Франција со воена парада го одбележа Денот на Бастилја

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе