Вести Свет

Новиот австриски канцелар Карл Нехамер положи заклетва во дворецот Хофбург во Виена

Претседателот на Австрија Александар ван дер Белен денеска ги именуваше новите членови на австриската Влада, на чие чело застанува Карл Нехамер.

Церемонијата на полагање заклетва се одржа во дворецот Хофбург во Виена.

Сменети се шест досегашни министри, а поранешниот министер за внатрешни работи Нехамер е новиот австриски канцелар на местото на Александар Шаленберг. Нов министер за внатрешни работи е Герхард Карнер, а поранешниот државен секретар Магнус Брунер сега е министер за финансии.

Ректорот на Универзитетот во Штаерска, Мартин Полашек, го заменува министерот за образование Хајнц Фасман. Сојузниот лидер на Австриската младинска народна партија Клаудија Плаколм стана државен секретар во Сојузната канцеларија. Таа ги презема програмите за млади од министерката за семејство Сузане Рааб.

Ван дер Белен викендот го искористи за интензивни разговари со новите членови на владата. Прво го прими новоизбраниот канцелар Нехамер, а потоа имаше средби со ново-стариот министер за надворешни работи Шаленберг и новиот државен секретар Плаколм. Средбите со Карнер и Брунер беа во неделата, а утрово шефот на државата го прими и Полашек, објави информативниот портал „ое24“.

Претседателот Ван дер Белен во телевизискиот говор во петокот вечерта, ја предупреди владејачката партија, која ги има највисоките владини функции, да не се фокусира само на сферите на моќ и влијание, туку да посвети внимание на проблемите на народот во земјата и неговите високи и правични очекувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

(Видео/Фото) Франција со воена парада го одбележа Денот на Бастилја

Kristina Kuzmanovski

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе