Вести Македонија Најважни

Заев и Гаши ќе ја потпишат програмата за влегување на Алтернатива Владата

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.

Одлуката за влегување на Алтернатива во владината коалиција беше донесена синоќа во Тетово на седница на Цантралниот совет, највисокото тело на партијата.

Партискиот лидер Африм Гаши на седницата информирал за текот на досегашните преговори со Заев и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот портпарол Орхан Муртезани, е историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евроинтеграција на целиот регион.

Договорено е Владата да побара меѓународна истрага за случаите каде, според Алтернатива, има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договорени се и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството, но и заштита на цената на струјата.

Со влегувањето во Владата, посочи Муртезани, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе важни одговорности.

– Ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани.

За соработката со досегашниот коалициски партнер Алијанса за Албанците, истакна дека не е донесена одлука за нејзино прекинување и оти не е исклучена можноста таа да продолжи и во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранжел од Брисел: Потребно е да се обезбедат услови за новите земји членки на ЕУ

Дејан Дејан

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе