Вести Македонија Најважни

Алтернатива ги добива министерските места во здравство, информатика и министер без ресор, и директорски места во МЕПСО, Фонд за пензиско и други

Алтернатива влегува со свои кадри во министерство за здравство, министерство за информатичко општество, министерство без ресор за дијаспора, три заменици министри, во образование, култура, и уште едно за кое дополнително ќе се договара, иако најмногу се зборува за заменик министер за земјоделство, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако партијата вчера одлучи да стане дел од владата.

Атернатива добива директорски места во МЕПСО, во Фондот за пензиско осигурување, Клинички Ценатр на тетово, за Агенција за странски инвестиции, Железници Транспорт и други.

Вонредни парламентарни избори нема да има, рече Заев, затоа што истите би ја дестабилизирале земјата и би ја однеле во нова неизвесност, а сега на Македонија, според Заев, и е потребен мирен период со цел да не се закочат ЕУ интеграциите.

Заев упати порака и до ЕУ и Бугарија. Рече дека сега Македонија има стабилно мнозинство и Влада и подготвени се да се надмине проблемот, со Бугарија, затоа што како што рече ние сме братски народ. На народот му порача дека почетокот на преговорите ни се потребни веднаш затоа што ги имаме исполнето сите услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе