Македонија Најважни

Централното собрание на Алтернатива одлучи партијата да влезе во владата

Централното собрание на Алтернатива вечерва со мнозинство гласови одлучи партијата да се приклучи на парламентарното мнозинство и на актуелната влада.

Пред сѐ треба да се спомене историскиот момент на отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија, кои не се само историски државни цели, туку и албански, затоа што на овој начин заедно со нашата земја на патот кон интеграција и стабилност се отвора патот за целиот регион. Дополнително, се договоривме владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што  се: Монструм, Алфа, Дива Населба, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на правичниот регионален развој, економскиот развој на Липковско, заштитата на семејството како јадро на општеството, што е нашата основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време, изјави по состанокот на Централното собрание портпаролот на партијата Орхан Муртезани.

Со влегувањето во владата Алтернатива ќе преземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе