Вести Свет

Лајен: Фајзер мора да ја адаптира вакцината на новиот сој Омикрон

Фајзер мора да ја адаптира својата вакцина против коронавирус на новиот сој Омикрон во рок од 100 дена, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Рига.

Заложбата за адаптација на вакцината е вклучена во третиот договор со Фајзер, со кој ЕК најави уште 1,8 милијарди дози од лекот.

– Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, нагласи претседателката на ЕК.

Таа додаде дека во исто време Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.

Лајен наведе дека се планира формирање на Центар за анализа на состојбите на полето на пропаганда и хибридни закани.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот сој Омикрон се шири побрзо и може да биде поотпорен на вакцините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Брисел го забрзува темпото на проширувањето со денешниот „Супер вторник“ како „највозбудлив“ доказ

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе