Македонија Топ вести

Уште тројца повредени ќе пристигнат од Софија, препукувања на ФБ со сопственикот на „ Беса Транс“

Од болницата „ Пирогов“, во Софија, каде беа сместени седуммината преживеани во стравотната сообраќајка на автобусот на „ Беса Транс“, најавиле дека утре ќе бидат отпуштени уште тројца пациенти, за кои од наша страна постои подготвеност да им се укаже лекарска грижа, велат од Министерството за здравство. А, 16- годишната девојка и 49- годишниот маж кои вчера беа префрлени во Скопје, на Клиниката за пластична хирургија, остануваат на понатамошно набљудување.

  • Двајцата примени пациенти ноќта ја поминаа добро, во стабилна состојба се и под надзор на лекарите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. И продолжува психолошката подршка за нив- Министерство за здравство.

Пет дена по трагедијата на магистралниот пат Струма, во која загинаа 45 патници, меѓу кои 12 малолетници, на ФБ се огласи сопственикот на „ Беса Транс“, Беким Хаџиу. Изразувајќи сочувство на семејствата на загинатите , тој ја опиша сообраќајната несреќа како волја на Алах.

  • Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури, со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета , ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира- ФБ статус на Беким Хаџиу- сопственик на „ Беса Транс“.

Следуваше експресна реплика од поранешниот пратеник Павле Богоевски.

  • Не, дечко! Ова беше тест на нашите инспекциски , управни, царински и гранични служби. Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш „ семејство“- ФБ статус на Павле Богоевски- поранешен пратеник.

За сообраќајната несреќа во Бугарија, одгови и одговорност од власта, побараа од опозициската ВМРО- ДПМНЕ.

  • Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето, дали и колку пати до сега МВР пријавила преку службени белешки до Инспекторатот, за недостатоците на автобусите на „ Беса Транс“, а од страна на Инспекторатот не било ништо превземено , односно не бил направен вонреден инспекциски надзор на „ Беса Транс“. Ако МВР има доставено и само една белешка , зошто не ја објави истата пред јавноста , со што Инспекторатот ќе има обврска да одговори зошто постапил спротивно на добиените белешки. Дали коалицијата СДСМ/ДУИ е поважна од животите на граѓаните- Марија Митева- портпарол на ВМРО- ДПМНЕ.

Во истрагата за несреќата на автобусот што без валидна лиценца 135 пати лани и годинава ги минувал границите, досега се сослушани 8 лица, меѓу кои и сопственикот на „ Беса Транс“, Хаџиу, а на распит ќе бидат повикани и други. ДНК материјалот за идентификација на жртвите, заедно со записниците од испитаните вчера нашето Јавно обвинителство ги предаде на бугарските обвинители. Документацијата од „ Беса Транс“, е одземена и доколку се утврди основа, Обвинителството ќе отвори постапка, рече државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Според бугарските обвинители се работи за голема несреќа и ќе продолжи истрагата за утврдување на причините.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе