Вести Ковид19 Свет

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи со делење вакцини со светот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија (ЕУ) ќе ги интензивира инвестициите во азиските земји повеќе од кога било досега и дека дополнително ќе се продлабочува соработката во борбата против кризите во областа на здравството, економијата и климата, јавува Анадолија.

Фон дер Лејен зборуваше на прес-конференција по 13-тиот состанок Азија-Европа (ASEM) одржан преку видео-конференција.

-ЕУ и Азија се посебни светови, но никогаш не сме биле толку блиски, рече Фон дер Лејен.

Таа нагласи дека ЕУ и Азија треба да соработуваат во борбата против коронавирусот, подобрувањето на економијата погодена од пандемијата и климатските промени.

-Успехот на Азија ќе биде успех на Европа и обратно, изјави Фон дер Лејен.

„Европа веќе испорача над 550 милиони дози вакцини во земјите од азиско-пацифичкиот регион. Ќе продолжиме да ги споделуваме вакцините со светот“, додаде шефицата на Европската комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе