Вести Ковид19 Свет

Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19

Фајзер тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на „голем број“ доверливи документи, вклучувајќи и оние поврзани со вакцината против коронавирусот.

Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер“ тврди дека станува збор за вработената Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 датотеки, без дозвола, на нејзините лични сметки и уреди од нејзиниот деловен лаптоп.

Наводните материјали вклучуваат „прирачник“ од 24 септември кој содржи внатрешни проценки и препораки за вакцината на Фајзер-Бионтек против коронавирус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе