Вести Македонија Најважни

Отстранети полициските барикади-екипата на Телма на местото на ужасната сообраќајна несреќа

Црвени полициски ленти го означуваат местото заштитено за продолжување на истражните активности. Тука се случила несреќата во која загинаа 45 патници, 45 граѓани на Македонија.

На лице место се гледаат остатоци од автобусот, кои останале по подигањето на трупот на целосно изгореното возило. Покрај тоа, се гледа и местото каде за прв пат удрил автобусот а потоа продолжил на средина на автопатот каде изгорел, каде изгореле патниците.

Во бугарските медиуми почнаа да се појавуваат и сведоци, раскажуваат како го пријавиле случајот, како притрчале да помогнат, но големата жештина и големиот оган не им дозволил.

Седумтте преживеани патници се наоѓаат во Софиската болница “Пирогов” , таму се згрижени. Сите се во стабилна состојба, за нив се грижат лекарите од оваа болница. Велат, ако се биде во ред, патниците кои поминале најдобро, двајца од нив, уште во петок ќе бидат дома, во Македонија.

Роднините на преживеаните, но и роднините на загинатите се уште беа во Софија, чекаат повеќе информации. Некои од нив се грижеа, за да влезат во болницата, за да можат да ги видат своите најблиски, кои преживеале.

Други пак бараа информации, како и кога ќе биде дозволено да ги преземат останките од своите роднини, кои загинаа во автобусот.

Знамињата во Бугарија беа на половина копје. И тука е ден на жалост. Покрај тоа, жалост и помен на загинатите се искажуваше и пред македонската амбасада во Софија.

Таму граѓаните на Софија, доаѓаа и изразуваа сочувство.

Од 31-иот километар на автопатот Струма, каде што се случи сообраќајната несреќа со 45 загинати, Миомир Серафиновиќ за Телма телевизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Нико Беќаровски ќе си замине од државна Токсикологија по хаосот кој го направи економската директорка на Клиниката

Дејан Дејан

Српскиот Парламент ги усвои измените во Законот за локални избори

Дејан Дејан

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе