Вести Ковид19 Свет

Германските сојузни држави воведуваат построги анти-ковид мерки

Германските сојузни покраини постепено воведуваат построги мерки во борбата против ширењето на пандемијата на коронавирусот, а водечките виролози ги повикуваат граѓаните да ги намалат физичките контакти на минимум, пренесува Хина, повикувајќи се на германски медиуми.

– Ситуацијата за време на пандемијата не беше толку сериозна како што е сега, изјави Лотар Вилер, директор на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, во интервју за неделникот Ди Цајт.

Тој ги повика граѓаните, иако во моментов тоа не е дел од мерките за борба против пандемијата на федерално или провинциско ниво, да ги сведат физичките контакти на минимум, особено во затворени простории. Тој препорача, исто така, граѓаните да се тестираат пред да се сретнат со луѓе кои припаѓаат на ризичните групи.

Од денеска, на национално ниво ќе стапи во сила ревидираниот закон за борба против зарази, со кој се бара пристап до работното место и јавниот превоз само за луѓе кои се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест. Истиот закон им дозволува на федералните провинции да ги приспособат мерките согласно актуелната епидемиолошка ситуација.

Во Берлин од викендот важи правилото 2Г плус за угостителските објекти и културните институции, според кое пристап имаат само лицата кои се вакцинирани или прележале Ковид-19, и кои дополнително мора да покажат негативен корона тест. Правилото 2Г, кое дозволува пристап само на вакцинирани лица или оние кои го прележале вирусот, се воведува и во малопродажбата, со исклучок на продавниците за секојдневни потреби.

Во соседен Бранденбург децата повеќе не се обврзани да доаѓаат на училиште, а во оваа сојузна држава, како и во Тирингија, Баварија и Саксонија, божиќните панаѓури се забранети.

Во Тирингија, Баден-Виртемберг, Саксонија и Баварија, од денеска важат и забрани за движење навечер за невакцинираните, во зависност од локалните индикации.

Министерот за здравство Јенс Шпан вчера, во интервју за јавниот сервис Дојчландфунк се заложи да се воведе правило 2Г плус за целата држава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе