По цела ноќ мината надвор од обдукционите сали и по интервенцијата на македонското Министерство за надворешни работи, бугарскиот државен истражител им дозволи пристап во салите за обдукција на македонските лекари, предводени од директорот на Институтот за судска медицина. Александар Станков за Телма информира дека тие се внатре во софискиот институт со колегите од Бугарија, по голготата која ја минале изминатииот ден и ноќта. Станков е отпимистечен дека процесот на обдукција ќе заврши брзо.
Денеска ќе бидат сите обдукции завршени. Влеговме во сала под добиеното одобрение од бугарскиот обвинител. Следи процесот на идентификација, информира директорот на судска медицина Александар Станков
Роднините се одзваа на повикот на институт и вчера приложија биолошки матријал, но испитувањата ќе траат подолго, а разулатите, пак од процесот на идентификација ќе ги соопштаат софиските лекари.
Сите материјали што се собрани од роднините се спакувани, а по нив ќе пристигнат бугарски истражители да ги подигнат и да ги превезат материјалите за да се заврши процесот на идентификацијата во Софија, вели јавниот обвинител Љубомир Јовевски
Додека не завршат обдукциите и идентификацијата, телата на починатите остануваат на софиските клиники. Роднините до тогаш не можат да го добијат документот со кој се потврдува смртта на нивните најблиски.
Целиот процес ќе се заврши до крајот на неделата кога се очекува владата да го организира и плати транспортот на телата на починатите во страотната несреќа кај магистралниот пат Струма во која загинаа 45 патници на автобус на превозникот „Беса – Транс“.
Павле Беловски
