Вести Свет

Јанев: Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа, во која загинаа 45 лица. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, изјави привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада

Како што пренесува БТА, Јанев изразува сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма, што се случи вечерва.

– Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината што довела до толку многу жртви. Нека си ја завршат работата истражните органи, изјави Јанев.

Јанев, исто така, изразил уверување дека се мобилизирани сите државни органи, а МВР презело мерки за организирање на сообраќајот на автопатот Струма.

-Подоцна, ние мора внимателно да ги извлечеме вистинските лекции од овој трагичен инцидент за да спречиме такви трагедии во иднина. Во моментов единствена јасна информација е дека автобусот со жртвите и повредените е регистриран во Република Северна Македонија. Во врска со ова, во раните утрински часови разговаравме со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Како Влада ќе ги преземеме сите неопходни активности за справување со трагедијата, изјави Јанев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе